Актуелните пожари во велешко, поточно на планините Мукос и Бабуна во Општина Чашка, изминативе три дена, го загадија воздухот во Велес. Мерните инструменти на Министерството за животна средина покажуваат високи вредности на ПМ10 честичките во воздухот, дури и до четири пати повисоки од максимално дозволените 50 мг/м3.
Сите ресурси се вклучени во гаснење на пожарите и се прават надчовечки напори да се стават под контрола.
Општина Велес ја следи состојбата и е во постојана координација со Центарот за управување со кризи и Територијалната противпожарна единица. Апелира до граѓаните да се воздржат од неаргументирани коментари на социјалните мрежи, доколку можат да поминуваат во затворени простории и да не излегуваат без потреба.