1. Градоначалникот на Општина Велес, по спроведената постапка по Јавниот оглас со арх. бр.08-3324/2 од 08.2024 година, за прием на работник во работен однос на определено време на работно место – Самостоен референт-техничар за ИКТ, Одделение за информатичка технологија, Сектор за правни и општи работи, јавни дејности, јавни набавки, информатичка технологија и поддршка на градоначалникот, изврши избор на следниот кандидат:

 

  • Костадин Палашев

 

  1. Врз основа на одлуката за избор, со избраниот кандидат наведен во точка 1 од оваа Одлука, ќе се склучи договор за вработување на определено време, до истекот на одобреното отсуство на отсутниот вработен, а најдолго две години.
  2. Оваа Одлука влегува во сила со денот на нејзиното донесување.

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

 

Општина Велес на ден 24.08.2024 година, објави Јавен оглас (со арх.бр.08-3324/2 од 23.08.2024  година), за прием на работник во работен однос на определено време на работно место  Самостоен референт-техничар за ИКТ, Одделение за информатичка технологија, УПР 01 01 Г01 000 – 1(еден) извршител, утврдено со актот за систематизацијата на работните места на Општина Велес.

Комисијата за селекција, формирана од Градоначалникот на Општина Велес, ги прегледа пристигнатата пријава и документи и изврши проверка на истите. Од извршената проверка Комисијата констатира дека е поднесена 1 (една) пријава, која е поднесена во утврдениот рок, со комплетна документација. За извршената селекција на пристигнатите докумeнти и пријава по огласот, Комисијата за селекција до Градоначалникот на Општина Велес достави Записник со бр.02-3324/6 од 03.09.2024 година, со конечна ранг-листа.

Врз основа на доставениот записник, а  согласно член член 23 став 4 од Законот за работни односи, член 22 став 1 алинеја 1 од Законот за вработените во јавниот сектор и член 50 став 14 од Законот за локалната самоуправа, Градоначалникот изврши избор на еден кандидадат и донесе одлука како во диспозитивот.

Правна поука: Против оваа одлука може да се изјави приговор до Градоначалникот на Општина Велес во рок од 8 дена од денот на објавувањето на одлуката на страната на Општина Велес.


Одлука