Во сабота, на 14 септември, се навршуваат 82 години од масакрот на седумте припадници на Народоното ослободително движење на Пуста Кула. Споменикот на кој се испишани имињата на жртвите на фашистичкиот окупатор немо сведочи за свирепото убиство на борците за слобода.
На 14 септември 1942 година во близина на селото Рудник кај месноста Пуста Кула, од страна на фашистичкиот окупатор, без пресуда, беа стрелани и масакрирани седум припадници на Народно ослободителното движење. Од Скопскиот истражен затвор со камион биле донесени и убиени Панче Бурчевски, Перо Грковски, Андреја Басаровски, Атанас Димовски и Душан Димитриевски од село Рудник, Камка Тоцинова од Велес и Амед Лојков од село Иванковци.
Нека им е вечна слава!