Општина Велес ќе организира Базар на производи од рачна изработка во рамки на Фестивалот на велешка пита и вино ПИТИЈАДА 2024, што ќе се одржи на 11, 12 и 13 октомври. По тој повод се повикуваат сите заинтересирани граѓани, правни и физички лица кои сакаат да ги изложат своите ракотворби во Младински парк, да достават барање за тезга во Граѓански сервис центар во Општина Велес. Заедно со барањето, правните лица треба да достават копија од тековна состојба, додека физичките лица е потребно да достават копија од лична карта.
Ве очекуваме да бидете дел од најмасовната манифестација од забавен карактер Питијада!