Се известуваат граѓаните на општина Велес дека од Понеделник 23.09.2024 год на улицата Белградска ќе започнат градежни активности за Реконструкција на дел од улица Белградска – од потегот спој со улица Киро Ќучук до спој со ул Димитрија Чуповски во должина од околу 750 м .
Градежните работи ќе се изведуваат во траење од 60 дена .
Во текот на реализација на градежните работи ќе се користи градежна механизација од различен вид и обем . На лице место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација согласно проект за времен режим на сообраќај одобрен од страна на МВР СВР Велес .
Се замолуваат граѓаните да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација во интерес на безбедно изведување на градежните работи како и безбедно одвивање на сообраќајот , како и да покажат трпение и разбирање во текот на изведувањето на работите .