Се известуваат граѓаните  на Општина Велес кои имаат аплицирано за субвенционирање на инвертер клима уреди дека извлекувањето на учесниците на јавните повици ќе се одржи во четврток 26 септември 2024 година, со почеток во 17:00 часот во Електронската сала на Општина Велес.  Извлекувањето ќе се пренесува во живо на јутјуб каналот на Општина Велес.

Архивските броеви на сите уредни апликации ќе бидат извлечени редоследно и по извлекувањето ќе бидат ставени на список. Согласно редоследот на извлекување Комисијата ќе излегува на терен и ќе прави проверка на поставените уреди и на тој начин ќе ја утврди фактичката состојба. Врз основа на состојбата утврдена на терен и според редоследот ќе бидат доделени средствата за субвенционирање сè до исцрпување на предвидените финансиски средства за оваа намена од буџетот на Општина Велес за 2024 година