Третото издание на Фестивалот на џез, ворлд и современа музика започнува од недела, 29 септември и ќе трае до крајот на октомври. Фестивалот ќе содржи бројни настапи и перформанси на уметници од земјава и од странство, но и на светски познати бендови и изведувачи. Градоначалникот Марко Колев ги повика сите граѓани, љубители на ваков вид на уметност, да бидат дел од несекојдневни музички настани.
„Од името на Општина Велес, од името на советниците на Општина Велес ги поканувам сите граѓани на Велес, но и од другите градови, масовно да ги посетат настаните кои ќе се организираат на различни локации во градот и ќе бидат доддаена вредност на културата во нашиот град“, рече Колев.
Фестивалот на џез, ворлд и современа музика ќе се состои од различни музички, поетски и театарски перформанси и концерти кои ќе се одржат на различни локации во градот, Спомен Костурницата, Јуроп хаус, Ликовен салон, театар Џинот.
Културната манифестација е во организација на Здружението за култура, уметност и млади „Арт Генератор во соработка со Општина Велес.