По барање на граѓаните почна да се реконструира една од најоштетените делници од регионалниот пат на потегот од Вулканизер Дине, кон мостот на Вардар, покрај Башино село. Во тек е гребење на стариот асфалт и изведба на подготвителни работи пред повторно асфалтирање. Финансиските средства за реконструкција на регионалниот пат се обезбедени од Јавното претпријатие за државни патишта. Градежните работи ги изведува Македонија пат – Подружница Велес. Поддршката по оваа програма на ЈПДП е во висина од 44 милиони денари.