Фудбалското игралиште во ООУ „Васил Главинов“ го доби својот нов лик. Подготвено е за спортување. Третиот спортски терен е завршен со тоа што е поставена оградата и најсовремена подлога. Во наредниот период ќе се изведе и фитнес зоната со што спортско-рекреативниот комплекс ќе биде целосно завршен и подготвен за спорт и рекреација на учениците и граѓаните.