Консулстативна средба се одржа денеска во Европска куѓа во Велес. На средбата учествуваа триесетина деца од основните и средните училита во градот. Целта е да се унапредат правата на децата и да се зголеми нивното учество во локалното планирање. На консултативната средба се разви енергична дискусија во која децата ги изнесоа своите размислувања, идеи и потреби во секојдневниот живот и ги адресираа до Општина Велес. Свесни за постоењето на позитивните но и негативните појави и случувања во средината во која живеат, побараа од општината подобрување на животната средина, решавање на проблемот со кучињата скитници, решавање на проблемот со уличното осветлување и уште многу други.

Консулстативните средби со децата имаат за цел да овозможат да се идентификуваат клучните проблеми во остварување на детските права од нивна перспектива и да се приберат нивните очекувања за тоа што треба да се преземе и промени во локалната заедница.  Врз основа на анализата на потребите ќе се креира стратешки план за унапредување на правата на децата и нивното вклучување во локалното планирање.

Консултативната средба е активност во рамки на проектот „Место за растење: Општини посветени на децата“, спроведуван од Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ и Центарот за семејно и детско згрижување КМОП.