Поради одржување на манифестацијата Фестивал на велешка пита и вино „Питијада 2024“ на улицата „Благој Ѓорев“ во Велес, во периодот од 10:00 часот на ден 10.10.2023 година па се до 12:30 часот на ден 14.10.2024 година, сообраќајот времено се преуредува и тоа:

  • Улицата „Благој Ѓорев“ на потегот од Трговски до црквата „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде затворена за целосен сообраќај. На делот од улицата „Благој Ѓорев“, од крстосницата со улицата „Борис Трајковски“ сообраќајот ќе биде забранет и ќе се пренасочи по улицата „Борис Трајковски“;
  • Возилата кои доаѓаат од улицата „Тодор Јанев“ ќе бидат пренасочени по улицата „8ма Велешка бригада“ и „Тодор Хрисотов“;
  • Возилата кои доаѓаат од улицата „Кумановска“ нема да се движат по улицата „Наум Наумовски Борче“ туку ќе бидат пренасочени да се движат по улицата „Ѓорѓи Војтех“ и Тодор Хрисотов“ па по улица „8ма Велешка бригада“;
  • На улицата „Благој Ѓорев“ од крстосницата со улицата „Тодор Хрисотов“ и „8ма Велешка бригада“ сообраќајот ќе биде забранет до крстоницата со улицата „Љубљанска“;
  • Од крстосница со улицата „Љубљанска“ па се до улицата „Орце Мартинов“, улицата „Крали Марко“ и крстосницата со улицата „Алексо Демниевски-Бауман“ сообраќајот ке се одвива двонасочно. Ваквиот потег е преземен поради близината на пристапот до Болницата и сè со цел полесен пристап до неа како и поголема пристапност до домовите на жителите кои што живеат на тој потег од улиците;
  • На делот од улицата „Алексо Демниевски-Бауман“, на потегот од крстосницата со улицата „Благој Ѓорев“ до крстосницата со улиците „АСНОМ“ и „Вардарска“ исто така режимот ќе се промени од еднонасочен во двонасочен;

 

Времениот режим на сообраќај ќе се одвива според поставената хоризонтална и вертикална сигнализација, како и знаците кои ги даваат униформираните полициски службеници. Поради тоа се замолуваат сите учесници во сообраќајот, строго да ги почитуваат правилата и прописите, со цел нормално и безбедно одвивање на сообраќајот.

 

Општина Велес упатува апел до сите граѓани, за време на одржување на Питијадата, да се прилагодат на времениот режим на сообраќај и доколку немаат итна потреба, да не ги користат своите возила.