Градоначалникот Марко Колев заедно со директорот на ЈПДП Коце Трајановски, претседателот на Советот на Општина Велес и пратениците денеска извршија увид во градежните активности што се одвиваат на територијата на Општина Велес а се финансирани од јавното претпријатие за државни патишта, во изведба на Македонија пат. Вкупните инвестиции моментално изнесуваат 44 милиони денари. На средбата се разговарало за клучните потреби на граѓаните на Велес. Општина Велес и понатаму останува отворена за соработка со ЈПДП и сите државни институции.