Ве известуваме дека на ден 18.10.2024 година ( петок) од 16:00 часот ќе се започне со одбележување (хоризонтална сигнализација) на улицата „8ми Септември“.

Активностите се предвидени да се одвиваат и во сабота и во недела до 20.10.2024 година.

Со цел непречено изведување на одбележувањето, сообраќајот во наведениот временски период ќе биде пренасочен по улица „Гоце Делчев“ и улица „Страшо Пинџур“.

При изведбата на терен ќе бидат поставени соодветни сообраќајни знаци за известување и изведување на градежни работи.

Се замолуваат граѓаните да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација во интерес на безбедно изведување на активностите како и безбедно одвивање на сообраќајот.