Општина Велес го честита Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври. Овој голем национален празник го симболизира континуитетот на македонската борба за независност. Идеалите на македонската револуционерна организација и на македонските револуционери остануваат да ни бидат вечен мотив во сите сегашни и идни борби и желби да ја зачуваме слободата и независноста, достојно да ги совладаме сите сегашни и идни пречки на патот на развојот и напредокот на нашата единствена татковина.
Нека е честит и вековит Денот на македонската револуционерна борба!