Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши и заменик министерот Марјан Ристески, заедно со градоначалникот Марко Колев денеска одржаа состанок со бизнис секторот и занаетчиската комора во Велес. Целта на состанокот беше запознавање на бизнис секторот со законост за нефер трговски практики и активните мерки на министерството за екеономија и труд. Заменик министерот Ристески истакна дека со законот за нефер трговски практики ќе се регулираат односите меѓу производителите и добавувачите од една страна и трговците од друга страна.
„Претходно беа утврдени повеќе нефер трговски практики, сега со овој закон се избегнати бидејќи на овој начин сите оние производители и добавувачи кои доставувале производи во трговијата на мало биле уценувани со непристојни мерки и надоместоци кои ги плаќале. Со овој закон тие трошоци се исклучени, рабатот и останатите трошоци не смеат да ја надминат границата од 10 %. Оваа практика на подолг период ќе ги нормализира цените на производите на пазарот“, рече Ристески.