Од денеска, понеделник, 28.10.2024 година, започнуваат градежни активности за реконструкција на дел од улица „Орце Шутев“, крак што започнува од број 32 па се до спој со улица „Јовче Ќучук“ до број 9.
Во текот на изведување на градежните активности ќе се користи градежна механизација, поради што кракот „Орце Шутев“ ќе биде затворен за сообраќај.
Ќе биде поставена и сообраќајна сигнализација. Градежните работи се очекува да траат 15 дена.
Се замолуваат граѓаните да ја почитуваат поставената сигнализација и да покажат трпение и разбирање за време на изведување на градежните работи.