Ве известуваме дека на ден 30.10. 2024 година (среда),  од 08:00 часот ќе започне обележувањето на улицата „8-ми Септември“.  Активностите на обележување ќе продолжат и на ден 31.10.2024 (четврток) и на 01.11.2024 (петок) до 16:00 часот.

Со цел непречено изведување на одбележувањето, сообраќајот во наведениот временски период ќе биде пренасочен по улица „Гоце Делчев“ и улица „Страшо Пинџур“.

При изведбата на терен ќе бидат поставени соодветни сообраќајни знаци за известување и изведување на градежни работи.

Се замолуваат граѓаните да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација во интерес на безбедно изведување на активностите како и безбедно одвивање на сообраќајот.