Денеска, 31 октомври 2024 година, се навршуваат 44 години од смртта на Бане Андреев – Ронката, македнски комунистички деец, учесник во НОБ, државник и политичар кој целиот свој живот го посветил на борбата за социјална правда и слобода на македонскиот народ.
Бане Андреев Ронката е роден на 12 август 1905 година во Велес. Основно училиште и гамназија завршил во родното место. Во 1922 година станал член на СКОЈ, а во 1923 година и на КПЈ. Пред Втората светска војна како комунист издржувал казна во затворите во Сремска Митровица и Лепоглава. Одликуван е со „Партизанска споменица 1941“.
Кочо Рацин му ја посветува песната „Татунчо“ од стихозбирката „Бели мугри“.