Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ), во рамки на проектот Отворен регионален фонд за енергетика, транспорт и климатска заштита (ORF-ETC), а по повод Европската недела на мобилност 2024, обезбеди три паркинзи за велосипеди кои ги поставивме на три различни локации во градот – пред зградата на Одделение за катастар на недвижности Велес, ЈКП „Дервен“ и Европска куќа. Со еден паркинг обезбедени за шест паркинг места за велосипеди и/или електрични тротинети. Иновативниот дизајн на паркинзите овозможува заштита од кражби и оштетување на алтернативните превозни средства.
„Благодарност до ГИЗ за донацијата од три паркинзи за велосипеди. На овој начин, се надевам ќе ги поттикнеме нашите сограѓани, а пред се младите, да ги остават автомобилите и сè повеќе да почнат да го користат велосипедот како превозно средство“ – изјави градоначалникот на општина Велес, Марко Колев.
Користење на алтернативни превозни средства, овозможува избегнување на сообраќајната гужва и барање на паркинг места, подобрување на физичката кондиција и заштита на животната средина.