Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина (Службен весник на РМ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 124/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 18 и “Службен весник на РСМ“ 89/22, 171/22),
Градоначалникот на Општина Велес, донесесе
Одлука за неспроведување на стратегиска оцена
За планскиот документ Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на колекторски систем и пречистителна станица за отпадни води на град Велес со пристапен пат, општина Велес кој се носи согласно Законот за урбанистичко планирање (Сл.весник на Р.С.Македонија бр. 32/20 и 111/23), не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.