Врз основа на член 17-а став 2 од Законот за јавните претпријатија („Службен Весник на Република Македонија” бр.З8/96, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18, 35/19 и „Службен Весник на Република Северна Македонија” бр. 75/19, 89/22, 274/22 и 208/24) како и Правилник за формата и содржината на јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен и надзорен одбор на јавно претпријатие, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување и начинот на бодување и селекција на кандидатите(„Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.213/2024) Советот на Општина Велес објавува:

 

ЈАВЕН ПОВИК
ЗА ПРОЈАВУВАЊЕ НА ИНТЕРЕС ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА ИЗБОР НА ЧЛЕН НА УПРАВЕН ОДБОР НА ЈКП „ДЕРВЕН“ ВЕЛЕС

 

 

 

  1. ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК

Предмет на Јавниот повик е спроведување на постапка за избор на еден член на Управниот Одбор на ЈКП „Дервен“ Велес.

Постапката се спроведува согласно Правилникот за формата и содржината на јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен и надзорен одбор на јавно претпријатие, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување и начинот на бодување и селекција на кандидатите(„Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.213/2024)

Основна дејност на претпријатието e 36.00 Собирање, обработка и снабдување со вода.

  1. ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на учество имаат сите лица кои ќе пројават интерес за пријавување на кандидати кои ги исполнуваат условите предвидени во Јавниот повик.

Јавниот повик со сите услови се објавува на веб страната на Општина Велес www.veles.gov.mk и на страната на ЈКП „Дервен“ Велес https://derven.mk/.

 

  1. УСЛОВИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ИСПОЛНАТ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

За член на Управен одбор на јавното претпријатие може да биде лице кое ги исполнува следниве услови:

  • е државјанин на Република Северна Македонија,
  • има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен Vll/1 степен образование и

 

  • во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност.

Освен општите услови утврдени во член 17 став 4 од Законот за јавните препријатија, членот на управниот одбор во јавното претпријатие треба да има најмалку пет години работно искуство од  областа на финансиското работење или од областа на правните работи.

 

Мандатот на ново избраниот член на управниот одбор трае до истекот на мандатот на постојниот состав.

  1. РАБОТНИ ЗАДАЧИ, ОДГОВОРНОСТИ, ПРАВА И ОБВРСКИ НА УПРАВНИОТ ОДБOР

Согласно член 19 од Законот за јавните претпријатија, Управниот Одбор ги има следните работни задачи, одговорности, права и обврска и тоа:

  1. Го донесува статутот на јавното претпријатие;
  2. Ги усвојува програмата за работа и развој на јавното претпријатие;
  3. Ја утврдува деловната политика;
  4. Ги усвојува тримесечниот извештај кој содржи показатели за финансиското работење, годишната сметка и извештајот за работењето на јавното претпријатие;
  5. Одлучува за употребата на средствата остварени со работењето на јавното претпријатие и покривање на загубите,
  6. Ги донесува одлуките за инвестиции;
  7. Ги утврдува цените на производите и услугите,
  8. Одлучува за внатрешната организација на јавното претпријатие;
  9. Го донесува актот за утврдување на висината на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените и
  10. Врши други работи утврдени со актот за основанье и статутот на јавното претпријатие

 

 

  1. НАДОМЕСТОК

Претседателот и членовите на управниот одбор имаат право на месечен надоместок за својата работа, врз основа на присуство на седници на управниот одбор на јавното претпријатие.

Вкупниот месечен надоместок на претседателот и членовите на УО поединечно не смее да го надмине износот од една половина од просечната нето-плата на вработените  во јавното препријатие исплатена во претходната година.

Висината на месечниот надоместок за претседателот и членовите на УО ја утврдува СОВ со одлука број 25-3658/13 од 31.08.2023 година и изнесувa: за Претседателот месечен надоместок во износ од 7.000,00 денари и за членовите месечен надоместок во износ од 6.000,00 денари.

6 . НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ЈАВНИОТ ПОВИК

Задолжителни документи кои треба да бидат доставени како доказ за исполнување на условите за член на УО на ЈКП „Дервен“ Велес се:

  1. Уверение за државјанство на Република Северна Македонија,
  2. Уверение или диплома за завршено високо образование и стекнати 240 ЕКТС или завршен VIl/1 степен образование,
  3. Потврда дека со правосилна судска пресуда не му изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,
  4. Потврда за евидентиран стаж од Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Република Северна Македонија,
  5. Кратка биографија,
  6. Сертификати, лиценци, уверенија, дипломи издадени од овластени односно акредитирани институции за нивно издавање согласно закон.
  1. ПОСТАПКА ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА ЧЛЕНОВИТЕ

Постапката за селекција на членовите на управниот одбор на ЈКП „Дервен“ Велес се состои од две фази и тоа:

–  административна селекција (се состои од проверка на внесените податоци во пријавата со условите утврдени во Јавниот повик кои треба да бидат идентични  со условите утврдени во Законот за јавни претпријатија, проверка на доставените докази и нивно бодување и

– интервју (го спроведува Комисијата за селекција која на предлог на Градоначалникот, ја избира Советот на општината)

Точниот датум, време и место на оддржување на интервјуто ќе бидат објавени на веб страната на Општина Велес: www.veles.gov.mk

 

8.РОК И НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

Јавниот повик се објавува на ден 25.11.2024 и трае 5 (пет) дена, односно најдоцна до 29.11.2024 година.

Пријавените кандидати соодветната документација во хартиена форма во оригинал или копија заверена на нотар заедно со пополнета Пријава на образец за пријавување (која е во прилог кон повикот) да ја достават до:

 

  • во архивата на Општина Велес, ул„Панко Брашнар” бр.1, Велес (со назнака: За Јавен повик за именување на член на Управен Одбор на ЈКП „Дервен“ Велес)

Краен рок за поднесување на пријавите е 29.11.2024 година.

Незадоволните кандидати од изборот за членoви во управниот одбор на јавното претпријатие имаат право да поведат управен спор до надлежен суд согласно со Законот за управни спорови.

 

Напомена: Пријавите без комплетно приложена документација или кои се доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.