Општина Велес објавува јавен повик за избор на учесници во реализација на културни активности во пресрет на новогодишните празници.

Право да аплицираат на јавниот повик имаат сите домашни физички лица и здруженија на граѓани кои работат во областа на културата, со достава на апликација електронски на е-маил адреса opve@veles.gov.mk или во архива на Општина Велес (работно време од 7:30 до 15:30ч.).

Изборот на настаните ќе го изврши Комисија за селекција и евалуација формирана од Градоначалникот, задржувајќи го правото да направи распоред на настаните, врз основа на следните критериуми:

– Претходно искуство во учество на настани од ист или сроден вид

– Квалитет, јасност, аргументираност и иновативност на предложените активности;

– Детално наведена програма;

– Целна група кон која се ориентирани;

– Прифаќање на млади автори со ветувачки капацитети и нови визии кои навестуваат понагласен творечки потенцијал.

Комисијата има право  заради  збогатување на програмата  да ангажира  и  дополнителни изведувачи надвор од јавниот повик.

Настаните ќе се реализираат во периодот од 25.12.2024 до 30.12.2024 година.

Подетални информации можат да се добијат на телефонскиот број 078/746-554.

Крајниот рок за доставување на апликациите е 10 декември 2024 (вторник).