Набавени се 91 инвертер клими наменети за основните училишта во Општина Велес. Во основните училишта „Св. Кирил и Методиј“, „Васил Главинов“, „Блаже Конески“, „Стојан Бурчевски Буридан“, „Панко Брашнаров“ и во основното музичко училиште „Стефан Гајдов“ во наредните денови ќе бидат монтирани клима уредите.
Со оваа инвестиција значително ќе се подобрат условите за одвивање на наставата во сите годишни времиња.