Врз основа на член 23 став 4 од Законот за работни односи („Службен весник на РМ“ бр.62/05………120/18 и „Службен весник на РСМ“ бр.110/19…288/21), член 22 став 1 алинеја 2 од Законот за вработените во јавниот сектор („Сл.весник на РМ бр.27/14…….198/18 и „Сл.весник на РСМ бр. 143/19, 14/20 и 208/24) и член 50 став 14 од Законот за локалната самоуправа, а во врска со објавениот Јавен оглас за засновање на работен однос на определено време со арх. 08-4999/2 од 13.12.2024 година, Градоначалникот на Општина Велес ја донесе следната
О Д Л У К А
за избор на кандидат по Јавен оглас
за засновање на работен однос на определано време
во Територијална противпожарна единица-Велес
- Градоначалникот на Општина Велес, по спроведената постапка по Јавниот оглас со арх. 08-4999/2 од 13.12.2024 година, за прием на работници во работен однос на определено време на работно место – Пожарникар спасител во Територијална противпожарна единица-Велес -3 (тројца) извршители, изврши избор на следните кандидати:
- Богданчо Драскачев
- Благој Ѓорчевски
- Драган Цанев
- Врз основа на одлуката за избор, со избраните кандидатите наведени во точка 1 од оваа Одлука, ќе се склучи договор за вработување на определено време, заради привремено зголемен обем на работа.
- Оваа Одлука влегува во сила со денот на нејзиното донесување.
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
Општина Велес на ден 17.12.2024 година, објави Јавен оглас (со арх. 08-4999/2 од 13.12.2024 година), за прием на работници во работен однос на определено време на работно место Пожарникар спасител во Територијална противпожарна единица, ПОЖ 02 10 В04 000 – 3(тројца) извршители утврдено со актот/систематизацијата на работните места на Општина Велес. На јавниот оглас се јавија 3(тројца) кандидати.
Комисијата за селекција, формирана од Градоначалникот на Општина Велес, ги прегледа пристигнатите пријава и документи и изврши проверка на истите. Од извршената проверка Комисијата констатира дека се поднесени 3 (три) пријави, кои се поднесени во утврдениот рок, со комплетна документација. За извршената селекција на пристигнатите докумeнти и пријави по огласот, Комисијата за селекција до Градоначалникот на Општина Велес достави Записник со 08-4999/9 од 23.12.2024 година, со конечна ранг-листа.
Врз основа на доставениот записник, а согласно член член 23 став 4 од Законот за работни односи, член 22 став 1 алинеја 2 од Законот за вработените во јавниот сектор и член 50 став 14 од Законот за локалната самоуправа, Градоначалникот изврши избор на тројца кандидати и донесе одлука како во диспозитивот.
Правна поука: Против оваа одлука може да се изјави приговор до Градоначалникот на Општина Велес во рок од 8 дена од денот на објавувањето на одлуката на страната на Општина Велес.