И покрај лошото време, велешани присуствуваа на отворањето на новогодишната бајка во Младински парк „Винтерфест Велес“. Мечето Теди беше задолжено да ги пречека и да им подели топли прегратки за добредојде, а ДЏ сетовите на Popeye и Shorty P ги развеселија присутните на забавата. Во Младински се чувствуваше мирисот на греано вино, топла ракија и вкусна храна. Неизоставен дел беа и ракотворците со своите уникатни изработки.

Предновогодишната забава продолжува и денеска со уште поинтересни забавни содржини и убава музика.