Јана и Сара Андовски се близначки кои први се родија во Новата 2025 година. Мајката и бебињата се во добра здравствена состојба. Тие се родија утрово во 10.20 часот и двете се тешки околу 3 килограми и долги околу 50 сантиметри. Неколку часа подоцна, новороденчињата ги посети градоначалникот Марко Колев, кој во име на Општина Велес и Советот им посака здравје, среќа и благосостојба. Традиционално, бебињата добија пригодни подароци, штедни книшки од по 15 илјади денари. Градоначалникот Колев истакна дека тој и градот Велес се многу среќни за двете блузначки и потенцираше дека велешани се подготвени за тројка па дури и за четворка.