Општина Велес им го честита најголемиот христијански празник Божиќ – денот на Христовото раѓање на сите православни верници.
Витлеемската ѕвезда нека свети во сите домови, нека го осветлува патот на возвишението кон кое треба да се стремиме.
Нека нé води вербата во Бога, како патоказ за подобро утре за сегашните и идни поколенија. Да ја всадиме љубовта во нашите срца, да ја воздигнеме почитта и солидарноста, да ги чуваме и негуваме вредностите.
На денот на Христовото раѓање, Општина Велес Ви посакува топлина, љубов и спокој во Вашите домови.
Христос се роди! Среќен Божиќ