Согласно Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели („Службен весник на Република Македонија“ бр. 50/05,  4/13 и 183/17) во која е дефиниран Прагот за информирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 100 g/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, Ве информираме дека истиот е надминат на мерното место во Велес 2 од 100 μg/m3.,

Согласно резултатите од мониторинг станицата за квалитет на амбиентен воздух Велес 2 на Државниот автоматски мониторинг систем при Министерството за животна средина и просторно планирање,  за деновите 05 и 06 јануари 2025 година се измерени концентрации од 101,95 μg/m3, односно 100,68 μg/m3.

 

Препораки за граѓаните:

 

Да се користи јавниот превоз

Возила да не се користат без поголема потреба

Повеќе лица да се возат со едно возило во исто време

Да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал

Рано наутро и доцна навечер да се избегнува долготрајна изложеност на отворено;

Правилно да се користат печките за дрва, да се користи суво не влажно огревно дрво и редовно да се чистат оџаците

Да се одложат сите активности на отворено