На вонредната седница, Советот на Општина Велес ја изгласа и усвои одлуката за времен соображаен режим додека трае санацијата на мостот кај Башино Село. Во координација со сите институции и приватниот сектор, советот ја донесе одлуката, во наредниот период, сообраќајот да се одвива на следниов начин:

  1. Товарниот сообраќај за влез во Велес се пренасочува од влезот на Велес, од клучка кај село Караслари низ Долнидуќани на улица Димко Најдов. Потоа продолжува право по улица 8 ми Септември каде заради побезбедно одвивање на сообраќајот се забранува да се паркираат автомобили на коловозот за да се добие поширока сообраќајница. Сообраќајот на улиците Гоце Делчев и Страшо Пинџур (зад судот) ќе се одвива во една насока. На улицата 8 ми Септември, од плоштад С’рмаале до Пошта се забранува паркирање на улицата за побезбедно разминување на товарните возила. Од еднонасочен, сообраќајот на улицата Алексо Демниевски, на потегот од пошта до семафорите се преуредува во двонасочен, а после семафорите останува да важи постоечкиот режим на сообраќај.
  2. За излез од Велес, товарните возила од семафорите ќе се движат по улицата Алексо Демниевски на која ќе се одвива двонасочен сообраќај. Потоа ќе се движи по улицата 8 ми Септември, од пошта кон кружниот тек на С’рмаале по еднонасочниот дел кај пешачката зона кон кружниот тек кај Коњаникот  кон Градскиот саат и право по улицата Димко Најдов кон излезот на Велес кон клучката на автопатот кај село Караслари.

За да избегне метеж, товарниот сообраќај се ограничува временски во периодот од 22:00 до 06:00 часот. По барање на стопанствениците се воведува и дополнителен термин  за влез на товарни возила со конвој во 09:00 часот, како и за излез со конвој во 18:00 часот. За време на забраната на движење обезбедени се паркинг површини во терминал кај мотел Македонија.

Општина Велес со апел до граѓаните и сите учесници во сообраќајот да покажат  разбирање и трпение  за време на новиот сообраќаен режим.