Денеска се одбележува 82 годишнината од загинувањето на народниот херој Благој Страчковски и првоборецот Славе Петков.
Благој Страчковски е роден на 29 февруари 1920 година во Велес, во сиромашна работничка фамилија. По завршувањето на основното училиште веднаш почнал да работи а за кусо време стапил во револуционерното движење. Како член на синдикатот учествувал во штрајкови и демнонстрации против властите. Тој е истакнат борец за слобода со бројни херојски подвизи. Животот му завршува на 23 годишна возраст кога е убиен на свиреп начин од страна на окупаторот.
На денешен ден, 14 јануари 1943 година, на брутален начин е убиен и првоборецот Славе Петков, заедно со Страчковски истакнати борци на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“.
Нека им е вечна слава!