Општина Велес објавува Јавен Повик за ангажирање на лица за извршување на јавни работи кои се приматели на гарантирана минимална помош и невработени лица со живеалиште на територијата на Општина Велес, а врз основа на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на заштита на животната средина во 2025 год.под арх.бр. 25-4761/18 од 29.11.2024 год.  Согласно планот за јавни работи за 2025 година изготвен од страна на надлежните служби, Општина Велес има потреба од 10 лица за извршување на јавни работи во времетраење од 10 месеци.

Ангажираните лица ќе спроведуваат јавни работи од типот на чистење на улици, локални патишта, патеки, скали, чистење на водотранспортни објекти, чистење на снег од јавни површини, отстранување на наноси и одрони, фарбање на комунална опрема, чистење на јавни објекти, поставување на опрема, собирање на отпад, чистење на депонии, подигање и одржување на зелени површини и други слични работи по потреба.

Општина Велес преку овие активности им помага на луѓето кои тешко се вклучуваат на пазарот на трудот, а овие активности се од интерес на целата локална заедница.

Право на учество на јавниот повик имаат лицата кои ги исполнуваат следните услови:

-корисници на гарантирана минимална помош

-невработени лица

-жители на територијата на Општина Велес

Временскиот период за ангажман на ангажираните лица ќе биде со времетраење од 10 месеци, сметано од денот на потпишување на договорот, а месечниот надоместок ќе изнесува 20.000,оо денари со вклучен персонален данок за секое ангажирано лице.

Потребните документи:

-Барање (од архива на општина Велес)

-Фотокопија од лична карта

-Потврда (дека лицето е корисник на социјална помош или невработено лице),

-фотокопија од трансакциона сметка

Погоре наведените документи кандидатите треба да ги достават во Архива на Општина Велес, секој работен ден од   .02.2025 год. до    .02.2025 год. во период од 07:30 часот до 15:30 часот.

Изборот на пријавените кандидати ќе го спроведува соодветна Комисија формирана со Решение од страна на Градоначалникот на Општина Велес.