Со Спортските игри Велес повторно ќе биде центарот на спортот во Македонија. Освен традиционалните натпревари во баскет, фудбал, тенис и одбојка на песок, годинава ќе има уште една спортска дисциплина како изненадување за сите посетители. Спортските игри ќе се одржат во првата половина на јуни на спортските терени во Градскиот парк.
Спортските игри Велес започнаа пред три години и секоја година привлекуваат огромен број на учесници и посетители кои уживаат во различните спортски дисциплини.





