Општина Велес и годинава организира осмомартовски базар (цветен и ракотворби). По тој повод се повикуваат сите заинтересирани граѓани, правни и физички лица да поднесат барање за тезга во Граѓански сервис центар со тоа што во барањето треба да наведат со што ќе учествуваат на базарот со цвеќе или со ракотворби и да остават телефон за контакт. Заедно со барањето правните лица треба да достават копија од тековна состојба, а физичките лица копија од лична карта. Базарот по повод 8 Март, Меѓународниот ден на жената, ќе се одржи од 3 до 8 март во центарот на Велес, на платото пред Основен суд Велес. Рокот за пријава за учество на базарот е до 28 февруари.


