Од 27 март до 16 април годинава ќе се одржи четвртото издание на театарскиот фестивал на комедија „5ре“. Граѓаните ќе имаат можност да уживаат во интересни театарски комедии и да се насмеат до солзи. Во чест на доајенот на театарското и филмското глумиште Петре Прличко, ќе биде доделена и наградата за животно дело. Во програмата на фестивалот следуваат и неколку изненадувања.

Повеќе детали околу театарските претстави во рамки на фестивалот, ќе бидат објавени наскоро, на официјалната веб страница на Општина Велес.