Продолжуваат градежните активности на улицата „Луј Пастер“ каде пред реконструкцијата се сруши постоечкиот потпорен ѕид и се прошири трасата на самата улица. Во тек е изградба на нова потпора за стабилизирање на косината од префабрикувани бетонски елементи, со што се решава уште еден долгогодишен проблем на граѓаните на Велес, кои ќе можат побезбедно да возат во овој дел на градот.