Врз основа на член 17 став 3 од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на Република Македонија” бр. 38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18 и 35/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 275/19, 89/22 и 274/22),член 7 став 2 од Правилникот за формата и содржината на јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен и надзорен одбор на јавно претпријатие, начинот на поднесување на пријавата,обрасците за пријавување и начинот на бодување и селекција на кандидатите („Службен весник на Република Северна Македонија” бр 213/24 ), член 36, став 1, точка 5 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија” бр. 05/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.202/24) и член 45, став 1 од Статутот на Општина Велес (,,Службен гласник на Општина Велес бр. 12/06, 03/09, 18/10, 15/14, 15/18, 06/19 и 08/21)
Советот на Општина Велес на 62–та седница одржана на ден 13.03.2025 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
за именување на член на управен одбор
на ЈКП ,,Дервен Велес
1.Со ова решение се именува за член на управен одбор на ЈКП ,,Дервен’’ Велес.
Емилија Андовска .
2.Ова Решение влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен гласник на Општина Велес”.


