Соопштение до граѓаните,

Им се соопштува на граѓаните дека на ден 14.04.2025 година започнува акцијата „Чист град 2025“, во врска со оставени хаварисани, искористени и напуштени моторни возила, приклучни возила како и земјоделски машини од нивните сопственици кои се оставени на јавните површини.

Акцијата ќе биде спроведена од страна на Општина Велес и МВР-СВР Велес  во две фази и тоа:

  • првата фаза ќе биде од превентивен карактер и ќе започне на 14.04.2025 год. со лепење налепници со рок на отстранување на моторните возила од јавните површини.
  • во втората фаза ќе се преземат репресивни мерки со изрекување глоба од страна на Општина Велес и МВР-СВР Велес за оние кои не ги отстраниле моторните возила од јавните површини во дадениот рок .

Се замолуваат сите граѓани кои ги имаат оставени хаварисани, искористени и напуштени моторни возила, приклучни возила како и земјоделски машини на јавните површини да ги отстранат, а со тоа ќе дадат придонес за чист град и здрава животна средина.