Денеска се одбележа 81 годишнината од смртта на народниот херој Димче Мирчев. По тој повод, делегации на Општина Велес, јавни институции и градинката што го носи неговото име, положија свежо цвеќе пред спомен бистата на херојот во дворот на градинката. Чест му оддадоа и децата од градинката, положувајќи свежо цвеќе.
По повод патрониот празник децата од градинката ја изведоа драмската игра „Волшебната шума“.
Делегациите свежо цвеќе положија и на спомен бистата на Димче Мирчев во Младински парк.
Димче Мирчев е роден во Велес во 1913 година. На 27 годишна возраст активно се вклучува во подготовките на вооруженото востание. Тој е еден од организаторите на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“ и заменик командант на одредот. Мирчев загинал во судир со бугарската полиција во реонот на Тиквешијата на 7 април 1944 година, заедно со Киро Крстев-Налбатот, во обидот да заминат во партизани. Посмртните останки на Димче Мирчев се во велешката Спомен-костурница од НОВ. Димче Мирчев бил прогласен за народен херој на 2 август во 1949 година.




















