Езерото „Младост“ оваа недела беше местото каде љубителите на кајакарскиот спорт уживаа во натпреварите на Државното првенство во кајак на мирни води а воедно и ревијалните трки од регатата „Младост“,чиј покровител е Општина Велес.
Велешкото езеро, според познавачите на кајакарството, е едно од ретките места во државата кое има голем потенцијал за развој на оваа спортска дисциплина. Во организација на кајакарскиот кану-клуб „Арка- Борец“ од Велес денес околу 70 кајакари од Струга, Охрид, Дебар и Велес се натпреваруваа во повеќе дисциплини.
📢 На Државното првенство во кајак на мирни води беа постигнати следниве резултати:
🚣♀ К1 сениори на 500 метри
Прво место: Контантин Дејковски, КК „Дрим“ од Струга
Второ место: Владимир Малески, КК „ Радика“ од Дебар
Трето место: Илија Николиќ , КК „Дрим“ од Струга
🚣♀ К1 пионери на 500 метри:
Прво место: Алексеј Чакарески, КК „Дрим“ од Струга
Второ место: Давор Бунчески, КК „ Стрмец“ од Охрид
Трето место: Андреј Кошкоски, КК „ Стрмец“ од Охрид
🚣♀🚣♀ К2 жени на 500 метри
Прво место: Валерија Крстева и Памела Златарова, КК „Арка-Борец“ од Велес
Второ место: Тамара Стефаноска и Сара Димитриоска, КК „ Арка-Борец и КК „Стрмец„ Охрид, Радика“
🚣♀ К1 јуниори 500 метри
Прво место: Владимир Малески, КК „ Радика“ од Дебар
Второ место: Никола Малески, КК „ Радика“ од Дебар
Трето место: Андреј Петкоски , КК „Дрим“ од Струга
🚣♀ Ц1 на 500 метри
Прво место: Беарт Леши, КК Радика“ од Дебар
🚣♀ 🚣♀ К2 сениори на 500 метри
Прво место: Идеал Леши и Брилен Шутра, КК „Радика“ од Дебар
Второ место: Стојче Златаров и Љубомир Спасиќ, КК „ Арка-Борец“ од Велес
🚣♀ К1 кадети на 500 метри
Прво место: Никола Малески, КК „ Радика“ од Дебар
Второ место: Андрес Петкоски , КК „Дрим“ од Струга
Трето место: Илија Бунчески, КК „ Стрмец“ од Охрид
🚣♀К1 жени на 500 метри
Прво место: Тамара Стефановска, КК „ Стрмец“ од Охрид
Второ место: Валерија Крстева, КК „ Арка-Борец“ од Велес
Трето место: Памела Златарова, КК „ Арка-Борец“ од Велес
🚣♀🚣♀ К2 јуниори на 500 метри
Прво место: Никола и Владимир Малески, КК „ Радика“, Дебар
Второ место: Илија Бунчески и Марко Коскоски, КК „ Стрмец“ од Охрид
Трето место: Орданче Симонов и Леонардо Кундевски, КК „ Арка-Борец“ од Велес
🚣♀🚣♀🚣♀ Екипен пласман 🚣♀🚣♀🚣♀
1. КК „Дрим“ Струга – 74,5 бода
2. КК „Радика“, Дебар– 46,5 бода
3. КК „Стрмец“ Охрид – 43,5 бода
4. КК „Арка-Борец“ Велес – 38,5
На регатата „Младост“ во повеќе категории најбрзи беа Јаков Блажески, Давор Бунчески, Илија Бунџески, Владимир Малески, Љубомир Спасиќ и Валерија Крстева.