Денес во просториите на Центарот за развој на Вардарски плански регион се одржа осмата седница на Советот за развој на Вардарски плански регион на која присуствуваа градоначалниците на општините во Вардарскиот регион како основачи на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион, министерот за локална самоуправа, Горан Милевски и директорот на Бирото за регионален развој, Рамиз Реџепи.
Сите заинтересирани страни потпишаа Договор за соработка во 2019 година со кој се уредуваат активностите и задачите на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион за 2019 година, износот и начинот на исплата на средствата за реализација на утврдените активности, како и начините и роковите за нивна реализација.
По потпишувањето на Договорот, пред присутните на Седницата, беа презентирани информациите за спроведените активности од аплицираните проекти на Центарот за 2019 година, како и за степенот на реализација на Договорите за соработка помеѓу Министерството за локална самоуправа и општините од Вардарскиот плански регион во периодот од 2008 до 2018 година.