Велес и годинава ќе биде центар на мото културата во Македонија. Бројни забавни и едукативни настани ќе бидат дел од традиционалната манифестација „Moto beach party“ на која ќе учествуваат над 1000 мотоциклисти од земјава и од странство.
Мото забавата ќе се одржи на 16 и 17 мај на велешко езеро „Младост“, во организација на Здружението на граѓани „Носачи на крстот МК“ и со поддршка на Општина Велес.
Љубителите на мото културата имаат можност да бидат дел од четиринаесетиот по ред мото собир кој освен забавен и едукативен има и хуманитарен карактер.





