По повод 1 Мај, Меѓународен ден на трудот, Општина Велес упатува честитки до сите работници во земјава и ширум светот посакувајќи им успешна работа, напредување во кариерата и вреднување на нивниот труд.

Овој ден е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците затоа што тие се најважната алка во сите економски, социјални и општествени текови.

„Бидете горди на вашата работа, чесно и посветено вложувајте го својот труд, но не заборавајте, сложно и достоинствено да ги браните вашите работнички права!

Нека е честит 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот!