Во Општина Велес се реализираше завршна конференција за тригодишниот проект кој досега се имплементираше „Паметни решенија – Велес продолжуваме“. На конференцијата се споделија досегашните резултати од спроведените активности. Проектниот менаџер Марија Алчева даде детално објаснување за сите активности издвојувајќи ја како најзначајна инфраструктурната реконструкција во централното градско подрачје каде за прв пат во општината се обезбеди пешачка зона и велосипедска патека. Исто така значајна беше и набавката и инсталацијата на смарт опрема која вклучува четири паметни постројки, четири паметни клупи на кои има можност да се полнат електрични уреди, четири полначи за електрични возила, контејнери и набавка на десет електрични велосипеди. За фунцкионирање на смарт опремата се разви мобилна апликација која ќе се однесува за јавниот транспорт воедно и како систем за користење на електричните велосипеди.
На конференцијата збор зема и Клаус Рихтер, тим лидер на програмата ЕУ за општините. Тој изрази задоволство од имплементацијата на проектот и постигнатите резултати. Очекува во иднина сé повеќе да се работи на нови иновативни планови и решенија во делот на урбаната мобилност.
На конференциска врска се вклучи и европски експерт за паметна урбанизација на простори Дарко Шишко од Хрватска кој даде препораки со фокус на обезбедување на т.н. зелена инфраструктура во урбаното планирање.
Со поздравно обраќање пред присутните на конференцијата се вклучи и Ион Гузун, програмски менаџер од Делегација на ЕУ кој со големо внимание го следеше целиот настан и ги поздрави учесниците.
Проследете го видеото со сите постигнати резултати од проектот.














