На 13 јуни (петок) ќе започнат градежни работи на улица „Благој Ѓорев“ во непосредна близина на касарната каде ќе се врши реконструкција на метална решетка од шахтата за атмосверска канализација која е во многу лоша состојба.

На местопто на изведување на градежните работи ќе биде поставена сообраќајна сигнализација поради што сообраќајот ќе се одвива отежнато.

Се замолуваат граѓаните да ја почитуваат сообраќајната сигнализација заради непречено и безбедно одвивање на градежните работи кои треба да завршат за неколку денови.