1.Со оваа Одлука се врши избор на извршител за работно место: Виш соработник за администрирање со база на податоци – УПР 01 01В02 000 во Одделение за информатичка технологија, Сектор за правни и општи работи, јавни дејности, јавни набавки, информатичка технологи и поддршка на Градоначалникот:

  • Виктор Јаневски

 

  1. Оваа Одлука влегува во сила со денот на донесувањето и по конечноста на оваа Одлука на избраниот кандидат ќе му се издаде решение за унапредување на административен службеник.

 

  1. Одлуката за избор се доставува до избраниот кандидат и се објавува на интернет страницата на општината.

О б р а з л о ж е н и е

 

Општина Велес спроведе постапка за унапредување на административен  службеник во Општина Велес, за следнoто работнo местo:

Виш соработник за администрирање со база на податоци – 1 извршител.

Интерниот оглас беше објавен на веб страната на Општина Велес на ден 03.06.2025 година. Од страна на посебно формирана Комисија, на ден 16.06.2025 година, во просториите на Агенција за администрација спроведена е административна селекција. На огласот е пријавен вкупно 1(еден) кандидат, кој ги исполнува општите услови за прием на административни службеници, согласно одредбите од Законот за административни службеници и посебните услови предвидени во Правилникот за систематизација на работните места на општинската администрација на Општина Велес и Правилникот за изменување и дополнување Правилникот за систематизација на работните места на општинската администрација на Општина Велес, по пат на унапредување.

Комисијата за селекција спроведе административна селекција со Записникот бр. 04-3065/8 од 16.06.2025  година, спроведе интервју со Записникот за спроведено интервју бр. 04-3065/9 од 16.06.2025 година. Од страна на Комисијата за селекција изготвена е финална ранг листа со предлог одлука за избор и му предлага на Секретарот на општината да изврши избор на прво рангираниот кандидат.

Врз основа на изнесеното се одлучи како во диспозитивот на оваа Одлука.

 

Правна поука: Против Одлуката, има право на жалба до Агенцијата за администрација, во рок од осум дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страницата на институцијата.


Одлука