Локалната библиотека „Гоце Делчев“ во наредниот период ќе заштеди електрична енергија. Деновиве завршија активностите за поставување на фотоволтаици на покривот на институцијата. Со заштедата на електричната енергија ќе се зголеми продуктивноста во работењето на библиотеката.
Освен локалната библиотека, во изминатиот период фотоволтаици беа поставени и на покривите на Народен музеј Велес, ООУ „Васил Главинов“, ООУ „Блаже Конески“, ООУ „Панко Брашнаров“, ООУ „Св. Кирил и Методиј“, ОУ „Лирија“, СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, ССОУ „Димитрија Чуповски“, ОСУ „Јовче Тесличков“ и ДСУРЦСОО „Коле Неделковски“.





