Се известуваат граѓаните на општина Велес кои транзитираат на потегот на ул Сараевска дека утре – Среда 25.06.2025 год во временски период од 07:30 до 15 часот ќе биде исклучен од сообраќај дел од ул. Сараевска – од спој со ул Лазо Трпков до спој со улица Рилски Конгрес (поранешна Игманска).
Исклучувањето ќе биде направено заради санирање на оштетувањата на коловозот на улицата – оштетени бехатон плочки, со поставување на барикади и соодветна сообраќајна сигнализација.
Целта на исклучувањето е да се овозможи безбедно одвивање на градежните работи.
Се молат граѓаните на општина Велес кои ја користат посочената делница да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, да покажат трпение и разбирање, да ги користат алтернативните правци преку улица Лазо Трпков кон улица Тодор Јанев како и улица Рилски конгрес кон Љубљанска, се во интерес на непречено и безбедно изведување на градежните работи, како и непречено одвивање на сообраќајот.





