Се известуваат граѓаните на Општина Велес кои имаат поднесено барање за субвенционирање на инвертер уреди и термални колектори дека на 27 јуни 2025 година, со почеток во 16:00 часот во Електронската сала на Општина Велес ќе се изврши извлекување на учесниците на јавните повици. Извлекувањето ќе биде по случаен избор – транспарентно и ќе се изврши на тој начин што сите уредни барања, пооделно за клима уреди и за термални колектори, ќе бидат ставени во посебни затворени кутии и од таму ќе се извлекуваат. Извлекувањето може да се следи на youtube каналот на општина Велес на следниот линк: https://www.youtube.com/@OpshtinaVeles
Архивските броеви на сите уредни барања ќе бидат извлечени редоследно и по извлекувањето ќе бидат подредени на список. Согласно редоследот на извлекување, Комисиите ќе излегуваат на терен и ќе прават проверка на поставените уреди и на тој начин ќе ја утврдат фактичката состојба. Согласно утврдената состојба на терен и според редоследот ќе бидат доделени средствата за субвенционирање сè до исцрпување на предвидените финансиски средства за оваа намена од буџетот на Општина Велес за 2025 година.


