Урбаната опрема во градот ќе се заштитува со видео надзор. Општина Велес веќе започна со поставување на камери  за 24 часовен видео надзор на спортските терени кај СОУ „Гимназија Кочо Рацин“.

Ќе се инсталира видео опрема на ново изградените спортско-рекреативни терени во градот. Освен терените кај Гимназија под видео надзор ќе бидат и спортско рекреативните терени во населбите Дворови и Тунел и во дворот на основното училиште „Васил Главинов“.

Ваквата одлука Општина Велес ја донесе по повеќегодишното континуирано уништување на урбаната опрема од страна на несовесни граѓани.