Врз основа на член 36, став 1, точка 15 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24) и член 45, став 1, од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес“ бр.12/06, 03/09, 18/10 и 15/14), а согласно Правилникот за користење на простории сопственост на Општина Велес од страна на здружениј

Комисијата за распределба на простории сопственост на Општина Велес на невладини организации, здруженија на граѓани и фондации при Советот на Општина Велес на ден 08.07.2025 година, објавува

 

ЈАВЕН ПОВИК

 за користење на простории сопственост на Општина Велес од страна на здруженија, фондации и сојузи од Општина Велес

(по втор пат)

 

1.ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК

1.1. Предмет на јавниот повик е пројавување на интерес за користење на простории, кои се во сопственост на Општина Велес.

1.2. Корисници на просториите можат да бидат здруженија, фондации и сојузи  (во понатамошниот текст: корисници).

а, фондации и сојузи од Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес“ бр. 5/15 и 11/18),

1.3. Поддршката што Општина Велес ја нуди при користењето на просториите е ослободување од плаќање надоместок (закупнина) за користење на просторот.

1.4. По предлог на Комисијата, Одлука за користење на просториите донесува Советот на Општина Велес со временска рамка од 3 години. Врз основа на оваа Одлука, Градоначалникот склучува договор со секој корисник поединечно.

2.ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

2.1. Право на учество на јавниот повик имаат сите заинтересирани лица (наведени во точка 1.2.) со поднесување на Пријава која ги содржи следните податоци/услови:

  • Да немаат сопствени простории за работа;
  • Да достават доказ дека се регистрирани;
  • Да достават листа за реализирани проекти од интерес на граѓаните на Велес;
  • Да имаат развиена соработка со другите граѓански организации од градот, Републиката и странство;
  • Да имаат Годишна програма за работа од која можат да се видат нивните следни активности;
  • Со својата работа да ги развиваат демократските процеси и граѓанските иницијативи;

2.2. Општината преку претставници од општината, претставници од комисијата и претставници од корисниците,  може да изврши увид на состојбата во објектот произлезена од тековното одржување. По ова претставниците на увидот можат да достават до Градоначалникот предлог за престанок на правото на користење на просторот на корисникот пред истекот на договорот.

2.3. Јавниот повик со сите услови и потребната документација за аплицирање, се објавува на веб страната на Општина Велес www.veles.gov.mk.

Заинтересираните баратели за користење на простории пријавата за аплицирање може да ја преземат од веб страната на Општина Велес.

2.4. Јавниот повик се објавува на ден 08.07.2025 година и трае 10 (десет) дена, односно заклучно со 17.07.2025 година.

2.5. Заинтересираните лица, доколку сметаат за потребно да дополнат нешто што е за нив потребно, а е надвор од горе наведеното, истото можат да го наведат во забелешка во пријавата (дали до сега сте корисник на просторија, каде и во кој временски период и др.).

  1. НАЧИН И РОК НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВАТА

3.1. Лицата од точка 1.2 поднесуваат Пријава за интерес до Архивата во Општина Велес, во затворен плик со назнака: „За Јавниот повик за користење на простории сопственост на Општина Велес од страна на здруженија, фондации и сојузи од Општина Велес“, до Комисијата за распределба на простории сопственост на Општина Велес на здруженија, фондации и сојузи од Општина Велес.

3.2. Ненавремена и нецелосна документација нема да биде предмет на разгледување.

 

  1. НАПОМЕНА: По спроведената постапка за распределба на просториите, постоечките договори претходно склучени со корисниците (времено користење), претстануваат да важат. Со новите корисници ќе бидат склучени нови договори со временска рамка за користење на просториите.

                                                                          Комисија

                                                                 за распределба на простории сопственост на

                                                                    Општина Велес на невладини организации,

                                                                            здруженија на граѓани и фондации